The truth - Скрити, неказани и нефалшифицирани истини за Плевен, България, Балканите, Eвропейския Cъюз и Света... Всичко и от Всеки, като регистриран потребител (автор)...
обзори, статии, обяви, реклами...


Централният площад Едър шрифт
Търсене в Уеб: 
Избор на търсачка 
Търсене в портала: 

Вие сте:   нов  посетител
 Начало » България » Сатанисти и предатели на България » Вени Марковски - един гном-антибългарин - за България отвън или до Вашингтон и назад

България » Сатанисти и предатели на България

Вени Марковски - един гном-антибългарин - за България отвън или до Вашингтон и назад Изпрати E-mail
България - Сатанисти и предатели на България
Дата на публикуване: 01 Февруари 2013
Публикацията е прочетена: 6601 пъти

Един безславно провалил се през 2003 г. кандидат-кмет на София, заминал в Щатите малко преди изборите през 2005 година, а по настоящем - Director of the U.S.Office Cyber ​​Security (американската служба за киберсигурност)

Ето го в дългогодишната му дейност "в ползу рода"  - една  статия в  novamakedonija.com.mk,
или

Предавникот си е секогаш предавник!

(мислел се за Бугарин, но излезе Југословен, пак станал Американец, дури сакал во 2011 година да стане дури и претседател на Бугарија)


 

Македонците не се бугарски државјани по раѓање              

И Македонци не се! (со извинување кон читателите што несвесно сум ги довел во заблуда)                                         

Веќе со години бугарските медиуми ја обработуваат темата за државјанството на Македонците.
Во 2005 година на страниците на весникот „Сега“ јас имав спор со денешниот министер без ресор, Божидар Димитров, а во 2006 година во истиот весник јас категорично тврдев дека Македонците се бугарски државјани по раѓање.

Но, денес мора да им се извинам на читателите и на сите луѓе, кои не сакајќи сум ги довел во заблуда со овие статии.


Денес имам официјален одговор од бугарското Министерство за правда (МП), во кое работите се кажани едно по друго: Родените во Македонија не се бугарски државјани по раѓање. Полошото е дека Македонците не се, а се... Југословени!


Околностите на мојот случај се вакви: татко ми е роден во 1939 година во Софија, а мајка ми во 1942 во Гевгелија, тогаш во административните граници на Царството Бугарија. Како мене се многу од денешните Македонци, чии родители се родени помеѓу 1941 и 1944 година. По војната, родителите ми остануваат во Југославија до 1968 година, кога емигрираат во Бугарија.


МП ги набројува, аргументирано, правните основи на Законот за бугарското државјанство од 1940 година, според кои мајка ми го изгубила бугарското државјанство, поради што била примена за бугарска државјанка со декрет &суп1; 868 од 30.07.1968 година на Президиумот на Народното собрание. Таа „... го добила бугарското државјанство по раѓање согласно силата на историските и правните факти во моментот на нејзиното раѓање“. Бидејќи во тоа време градот Гевгелија е дел од државната територија на Царството Бугарија, тоа значи дека во однос на неговото население се целосно спроведени одредбите на тогашното бугарско законодавство и особено Законот за бугарското државјанство од 1940 година / ДВ, бр.288/20.12. 1940 година /, кој го регулира статусот на припадност кон бугарската држава.


Според одредени историски околности, во септември 1944 година Вардарска Македонија станува дел од територијата на новоформираната Федеративна Народна Република Југославија и станува посебна федеративна единица под името Народна Република Македонија. Како резултат на тоа жителите од овој дел од бугарските земји во надлежност на југословенското законодавство, добиваат југословенско државјанство.


Според чл. 14, ал. 2 од Законот за бугарското државјанство од 1940 година - „му се одзема бугарското државјанство на оној кој од какво било причина добил странско државјанство“. Имено, според оваа одредба мајка ми го изгубила бугарското државјанство по раѓање, поради што со Указ 568 на Президиумот на Народното собрание од 30.07.1968 година нејзе и е дадено бугарско државјанство.


Во мислењето на МП е наведена и законската основа во времето на моето раѓање изведена од Законот за бугарското државјанство од 1948 година / ДВ, бр.70/1948 година /, во сила до 01.10.1968 година, поради што не ми се признава дека имам бугарско државјанство по раѓање. Согласно чл.1 од овој закон, бугарски државјанин по потекло е лице на кое и двајцата родители му се бугарски државјани. Кога само едниот од родителите е со бугарско државјанство, детето родено во странство, е бугарски државјанин само ако државата на родителот странски државјанин не го смета за свој државјанин. Бидејќи во тоа време, татко ми е бугарски државјанин, а мајка ми е југословенска државјанка, тоа по силата на гореспоменатиот текст значи дека, јас сум... југословенски државјанин по раѓање. Така пишува во писмото на МП! И е категорично:


„Со оглед на горното, нема основа да биде одземен Декретот на Президиумот на Народното собрание за стекнување на бугарско државјанство на Вашата мајка. За истите причини и другите македонски државјани аплицираат за добивање на бугарско државјанство, макар што не се бугарски државјани по раѓање.“


И што да се прави: јас, кој секогаш сум мислел дека сум бугарски државјанин по раѓање, разбирам дека всушност сум Југословен?


Но, штом јас не сум Бугарин по раѓањето, зар можеме да имаме некакви претензии дека Македонците се? Можеме, се разбира, но тоа ќе се претензии без правна основа. Писмото на Министерството за правда е категорично, јасно и аргументирано. Тоа става крај на амбициите на бугарските политичари да ги претстават македонските граѓани како Бугари. Емоциите мора да отстапат пред правото - законите се категорични и ние треба да ги уважуваме и ги почитуваме.


Ова писмо значи дека јас нема да можам да се кандидирам во 2011 година за претседател на Бугарија (освен ако не го променат Уставот, кој моментно содржи член според кој за претседател може да се кандидира само бугарски државјанин по раѓање). Можеби ќе можам да се обидам во Македонија, што знам.


Мојот став е дека ова недвосмислено ги решава споровите во однос на идентитетот на Македонците. Ова ги решава, исто така, и проблемите на Македонија со Грција. Едноставно, Македонци по раѓањето може да има, но само ако нивните родители се родени по 8-ми септември 1991 година. Сите останати се Југословени по раѓање. А, Грците никогаш немале ништо против Југославија. Напротив.


(Авторот е внук на Венко Марковски)
                                                                                                                                                                       

                                                                                                                                                                                                                               

Автор: Вени Марковски

   


/плевен онлайн портал
д-р инж. Никола Тодоров, доцент

                                                                                                                                                                                       


‹ Предишен   Следващ ›
                        

 
Advertisement Advertisement

advertisement.png, 0 kB
BalkanBGEstate Logo
advertisement.png, 0 kB
BalkanBGEstate

Вашите банери   [ Email ]

Telemedicine Center Designed By IT Design Powered by ALA styleswitcher Javascript Original CSS Drop Down Menu Konlong: Best of breed Mambo scripting Some rights reserved



Меню Автор
Детайли
Направи анализ
Обзор (Света)
Обзор (Балканите)
Обзор (България)
Обзор (Плевен)
Създай статия (новина)
Вмъкни интервю
Дай обява
Направи реклама
Добави имот
Обява-Бизнес каталог
Добави URL връзка
Наши и чужди медии
Секции, рубрики и теми
Цени
Изход
Doctor Online
Тематични Рубрики
Онлайн
В момента:256 анонимни онлайн.

Ай Ти Дизайн, ЕООД 

РЕКЛАМНЕН БЛОК 
Georgio Belladonna
  
♥♦ ♣♠
Легендата на световния бридж Джорджо Беладона е преведен на български! За първи път!
♥♦ ♣♠
Цена 13.99 лв.

РЕКЛАМНЕН БЛОК 
«« Публикувайте вашия рекламен текст, лого, банер... тук »»

САМО: 1.95 EUR
  (месечно)
Заявка:  WEBMASTER 


  spacer  
© 2002 - 2014 Webcape Systems, Inc. All Rights Reserved.
© 1998 - 2012 it design Ltd. Всички права запазени.
Уеб Дизайн и програмиране: it design Ltd. 
Последна редакция: 12 Февруари 2011
Най-добър изглед при резолюция 1280х800 или по-голяма.
 
Използването съдържанието на портала става с изричното разрешение от редакцията чрез изпращане на имейл от меню [Контакти] -- Офис или от меню [Чат] с избор на отдел (секция, рубрика).